Утрински Весник
Свет

Трамп соопшти за победа во Пенсилванија

Трамп соопшти за победа во Пенсилванија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека тој е победник на претседателските избори во Пенсилванија.

Тој на Твитер напиша дека немало можност да се видат 700.000 гласачки ливчиња во Филаделфија и Питсбург, а тоа значи дека победува во државата Пенсилванија.

Претходно, Апелацискиот суд на третиот округ на САД, ја одби жалбата на републиканците кои бараа гласачките ливчиња испратени по пошта на денот на гласањето во Пенсилванија да се признаат за неважечки.

Според конечните резултати објавени од американските медиуми, победник на изборите е демкратот Џо Бајден со вкупно добиени 306 електорски гласови, наспроти Трамп кој добил 232 гласа.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град

Американските сили извршија нови напади врз воени цели во Иран

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е исчезнат