Утрински Весник
Спорт

Меси полета против Парагвај, 13 сантиметри над неговата висина

Меси полета против Парагвај, 13 сантиметри над неговата висина

Аргентинскиот ас Лионел Меси синоќа на дуелот на неговата селекција против Парагвај не успеа да постигне гол или, пак, да забележи асистенција, но нему му припадна потегот на мечот.

Паредес ја испрати топката кон голот на Парагвај, но таа беше превисока, па Меси изведе потег кој за него е невообичаен.

Меси е висок 1.7 метри, а фотографите го уловија во вистинскиот момент, како топката ја смирува на висина од 1.83 метри.

Атрактивноста на фотографијата ја збогатуваат и погледите на Паредес и Ло Селсо.

> Меси полета против Парагвај, 13 сантиметри над неговата висина <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание