Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата потпиша декрет за намалување на американската зависност од испораките од странство на најзначајните видови минерали, вклучувајќи ги ретките земни елементи, пренесува ТАСС.
„Јас, Доналд Трамп, претседател на САД, сметам дека силна Америка не може да биде зависна од увоз од странски противници за критичните минерали кои се сè повеќе неопходни за одржување на нашата економска и воена моќ во 21 век“, напиша Трамп во писмото до членовите на Конгресот на САД.
„Нашата зависност од една земја, Народна Република Кина, за повеќе критични минерали е особено загрижувачка. САД сега увезуваат 80 отсто од своите ретките земни елементи директно од Кина, а делови од остатокот индиректно од Кина преку други земји.
Во 80-тите години на минатиот век, САД ги произведуваа овие елементи повеќе од која било друга земја во светот, но Кина употреби агресивни економски практики за стратешко преплавување на глобалниот пазар за ретки земни елементи и истиснување на своите конкуренти “, се вели во соопштението.
Прес-службата на Белата куќа истакна дека декретот е насочен кон развој на рударската индустрија во САД, поддршка на работните места во оваа област, како и намалување на зависноста од Кина за снабдување со критичните минерали.