Утрински Весник
Магазин

Тејлор Свифт на врвот на Билборд-листата на најплатени музичари за 2020 година

Тејлор Свифт на врвот на Билборд-листата на најплатени музичари за 2020 година

Тејлор Свифт со заработка од над 23 милиони долари во 2020 година се најде на првото место на листата на „Билборд“ на најплатени музички имиња.

По турбулентна година во која недостасуваа концерти и било какви настапи во живо како резултат на пандемијата, 31-годишната музичка ѕвезда се врати на листата на американските „манимејкери“ (Money Makers) со приближно 23,8 милиони долари, но сепак, тоа е намалување од 99,6 милиони долари кога последен пат беше на листата во 2018 година.

Најновиот подвиг на врвот на табелата доаѓа и покрај фактот што таа немаше приходи од концерти поради глобалната здравствена криза.

Ова е првпат во историјата на музичките Money Makers турнеите да не придонесуваат за врвот на табелата.

За нејзиното место на врвот, „Билборд“ проценува дека Тејлор заработила 10,6 милиони долари од стриминг, 10 милиони од продажба и 3,2 милиони долари од издаваштво.

Можете да прочитате

Осамените луѓе почесто сонуваат лоши соништа, покажува научно истражување

Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме

Секој четврти Јапонец верува дека вештачката интелигенција ќе може да ги замени пријателите и семејството