Утрински Весник
Македонија

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од девет години.

Тој бил спроведен од страна на полицијата околу 16 часот и е сместен во приемното одделение на затворот. Во идните денови ќе се направи и проценка на ризик, по што, треба да биде префрлен во друг дел на затворот.

Од Кривичниот суд, велат дека упатниот акт за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, осудена на седум години, ќе го изготви судија од судот во Гевгелија. Потоа и таа од домашен протвор ќе биде спроведена во затвор.

Спроведувањето на Јовановски во „Идризово“ доаѓа откако Апелација ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ и истата стана правосилна.

Можете да прочитате

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе

СДСМ: Владата го призна бизнисот со вода во време кога Гостивар се труе – поскапа од големопродажна цена