Утрински Весник
Магазин

Тејлор Свифт најави нов албум

Тејлор Свифт најави нов албум

Тејлор Свифт во четвртокот го обелодени доаѓањето на вториот комплетен албум, втор во период од пет месеци. „Eдноставно не можевме да престанеме да пишуваме песни,“ напиша таа.

Свифт на своите 141 милиони следачи на Инстаграм им откри дека албумот насловен Evermore ќе биде објавен во четврток на полноќ, заедно со музичко видео за првиот сингл Willow.

Свифт го опиша албумот со 15 нумери како „сестрински запис“ на претходниот, „Фолклор“, кој го создаде за време на самоизолација и неочекувано го објави во јули.

Осмиот албум на Свифт, „Фолклор“ кој го објави на 24 јули, сруши неколку рекорди на топ листите во првата недела од продажбата. Овој албум – промена на стилот што покажа инди-фолк сензибилитет – ѝ донесе најдобри критики во нејзината кариера, како и шест номинации за „Греми“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден