Утрински Весник
Свет

Илјадници луѓе се вакцинираа против Ковид-19 во Велика Британија

Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

Од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19, неколку десетици илјади луѓе биле вакцинирани во Велика Британија, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјавата на британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

„До денес, започнавме со вакцинирање во 73 болници низ Велика Британија и десетици илјади луѓе се вакцинирани“, рече Ханкок на прес-конференција откако Маргарет Кенан, 90-годишен Британец, стана првата личност во светот што примила одобрена вакцина од Физер и Бионтек.

Велика Британија е првата западна земја што започна со масовна вакцинација на населението.Вакцината се прима двапати, а од првиот до вториот круг за вакцинирање треба да поминат три недели, потсетува Ројтерс.

Велика Британија, со 67 милиони жители, регистрираше 1,78 милиони заразени и околу 63 000 починати од почетокот на пандемијата и е најпогодена европска земја според вкупниот број смртни случаи од инфекција со коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран