Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено 18-годишно момче од валандовско, со мотоцикл удрило во столб

51-годишен мотоциклист од Скопје починал откако излетал од патот

18-годишно момче од валандовско е тешко повредено откако со мотоциклот кој го управувал удрил во столб.

Според МВР, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во с.Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајки мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Можете да прочитате

Такси се заби во оградата на мостот на булевар „Србија“

РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност

Воскреснување без докажана штета: Вишото ЈО повторно го отвори „Мазут“