Утрински Весник
Македонија

Тешко повредени двајца пешаци на „Пластичарска“

Тешко повредени двајца пешаци на „Пластичарска“

Двајца пешаци, од кои едниот малолетен, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на „Пластичарска“ во Скопје, а во која учествувале две возила.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22:15 часот на крстосница на бул. Никола Карев и ул. Прохор Пчински. Во полиција било пријавено дека се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), автомобил „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи. Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку 5 нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

Голем пожар во скопски Карпош утринава, изгореа два автомобили

Прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот објавен од проектот „ЕУ за општините“