Утрински Весник
Свет

Твитот на портпаролката на кинеското МНР го насмеа светот

Хуа Чунјинг – портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи стана предмет на потсмев на социјалните мрежи поради твитот во кој се оправдува припадноста на Тајван со Кина, наведувајќи го бројот на кинески ресторани на островот.

dobivaj vesti na viber

„Baidu Maps, една од главните апликации за мапи во Кина, покажува дека има 38 ресторани во Тајпеј кои нудат кујна од кинеската провинција Шандонг и 67 ресторани кои нудат специјалитети од провинцијата Шанкси“ – напиша Хуа Чунјинг вчера на Твитер.

„Пипките за вкус не лажат. Тајван отсекогаш бил дел од Кина. Долго изгубеното дете на крајот ќе се врати дома“, напиша таа.

Кина го смета Тајван, остров со население од околу 23 милиони жители, како една од нејзините провинции што треба да се обедини со остатокот од копното во догледно време.

Меѓу многуте странски корисници на интернет, расправијата на портпаролката Ху предизвика смеа и духовити коментари.

„Во Тајпеј има преку 100 рамени (јапонски супи од тестенини), така што Тајван дефинитивно е дел од Јапонија“, шеговито коментираше еден од нив на Твитер.

„Гугл мапс покажува дека во Пекинг има 17 Мекдоналдс, 18 КФЦ, 19 Бургер Кинг и 19 Старбакс. Пипките за вкус не лажат. Кина отсекогаш била дел од Америка“, пишуваат други.

Хуа Чунјинг, позната по своите често остри и не секогаш дипломатски изјави, е многу активна на Твитер.

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации