Утрински Весник
Магазин

Таткото на Бритни Спирс повеќе нема да има надзор над нејзиниот имот

Таткото на Бритни Спирс повеќе нема да има надзор над нејзиниот имот
Dik 300x250 mk

Таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, е суспендиран од конзерваторскиот надзор над имотот на поп пејачката, одлучи судија во Лос Анџелес во средата.

На новото судско рочиште за долготрајниот спор, судијката Бренда Пени рече дека останувањето на Џејми Спирс задолжен за имотот на неговата ќерка е „неодржливо“.

Џејми ќе мора да му ги предаде сите документи на Џон Зејбл, овластен јавен сметководител кој беше назначен за привремен конзерватор на имотот на поп sвездата.

Џоди Монтгомери, која управува со секојдневната благосостојба и медицински одлуки за Бритни, засега останува во својата улога.

Судијката застана на страната на адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, и се согласи дека во најдобар интерес на Бритни е нејзиниот татко да биде отстранет од аранжманот.

Правните застапници на Џејми го агрументираа неговото суспендирање од конзерваторскиот мандат и сугерираа дека прекинот на комплексниот аранжман е вистинскиот начин на дејствување.

Пресудата е значајна победа за Бритни, која беше под контроверзен надзор во изминатите 13 години и која претходно повика нејзиниот татко и инволвираните во контролата на нејзиниот живот да завршат во затвор.

Можете да прочитате

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее