Утрински Весник
Македонија

Облачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат до 20 л/м2 дожд, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Утре претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.

Можете да прочитате

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Маж снимен како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти

Директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски поднесе оставка