Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Тасевска: Следува рекордно зголемување на пензиите и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери

Тасевска: Следува рекордно зголемување на пензиите и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери
Img 7972

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за пензионерите. Вчера, во Собранието беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со што обезбедуваме одржлив и континуиран раст на пензиите. Со новиот Закон, пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од пораст на просечната плата во државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика, истакна на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Тасевска додаде дека новата методологија ќе започне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и сега двапати во годината, во месеците март и септември.

Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари.

Покачувањето на пензиите веќе никогаш нема да зависи од политичката волја на владејачките партии, како што тоа беше пред неколку години. Остануваме посветени на мерките и политиките преку кои на дело ја потврдуваме вистинската грижа за сите категории граѓани, изјави Тасевска

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање