Утрински Весник
Македонија

Таравари обид за добивање ниски политички поени од трагедијата во Тетово

Taravari Pike Politite Permes Tragjedise Ne Tetovee

Градоначалникот на Гостивар и истовремено генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари бесрамно се обидува да добие политички поени од трагедијата што се случи синоќа околу 21:00 часот во Тетово, пишува opinionshqip.live

Таравари од синоќа, не престанува да пишува политички статуси на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук во врска со пожарот што ја зафати модуларната болница на Тетовската клиника.

Тој во еден од своите статуси напиша: „Го молиме Господ што побрзо да го запре кошмарот што го зафати Тетово, град кој плаќа страшна сметка!

Во подоцнежните часови синоќа, Таравари напиша, однсно сподели Фејсбук статус на еден негов сопартиец во кој беше напишано: „Трагедија и катастрофа за кои мора да се бара отчетност и одговорност од сите тие што вчера дефилираа“, статус кој што неколку минути подоцна беше избришан од Таравари откако на неговиот пост стигнаа голем број негативни коментари.

Утринава, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го продолжи обидот да освои ниски политички поени и да ја искористи трагедијата што ја зафати Тетово!

Тој на неговата официјална страница на Фејсбук напиша „ОСТАВКА ВЛАДА!“

Коментарите во овој негов пост беа различни. Повеќето од нив од поддржувачи на неговата политика, но и уште поголем дел на луѓе што му препорачаа на Таравари да не си игра со чувствата на тетовци.

ИЗВОР: opinionshqip.live

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ