Утрински Весник
Спорт

Судиската организација им се извини на Милан за грешката на Марко Сера

Судиската организација им се извини на Милан за грешката на Марко Сера
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Милан, синоќа, доживеа шокантен пораз од Специја (1:2) на „Сан Сиро“. Овој пораз го оддалечи Милан од борбата за титулата во Серија. Милан со натпревар повеќе има два бода помалку од лидерот на табелата, Интер.

Натпреварот го обележе неверојатната грешка на главниот судија, Марко Сера. Во 93.минута тој не почитуваше предност и го поништи голот на Жуниор Месијас, при резултат 1:1.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Сера, во акцијата која му претходеше на голот, веднаш досуди фаул и покрај тоа што топката доде до Месијас, кој потоа постигна гол.

Три минути подоцна Ѓаси го совлада Мењан и ги постави конечните 1:2.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоло, открил дека судијата Сера им се извинил за грешката по завршувањето на натпреварот, а италијанските медиуми објавија дека во во името на Судиската организација на клубот му се извинил Џанлука Роки.

Поради аматерската грешка. судијата Сера сигурно ќе биде суспендиран за наредните неколку натпревари.

> Судиската организација им се извини на Милан за грешката на Марко Сера <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори