Утрински Весник
Македонија

Студено време со врнежи од дожд

Студено време со врнежи од дожд

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Можете да прочитате

Деко си „купил“ угостителска лиценца без да поднесе ниту еден документ – Обвинителството отвори нова истрага и бара притвор

Ристов: Странци масовно точат гориво во Македонија, цените се пониски од соседството

Ристов: Платите за инженери се над 1.500 евра, младите си одат поради неуредениот систем