Утрински Весник
Македонија

Стружанец загина во сообраќајна несреќа

Стружанец загина во сообраќајна несреќа

Во вечерните часови на 18 мај во струшката полиција било пријавено дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожда забележано е превртено возило „нисан примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот.

Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано било дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот изгубил контрола и излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Во струмичко село пронајдена марихуана, уапсени две лица

Исени: Заштитата на децата во дигиталната средина е заедничка одговорност на институциите и општеството

Ковачевски: САД и Кина имаат среќа што го немаат Пехчево