Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Нападот на нуклеарната централа ја покажува заканата од оваа војна

Столтенберг: Нападот на нуклеарната централа ја покажува заканата од оваа војна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди руските акции во Украина, вклучително и гранатирањето на нуклеарната централа.

„Ги осудуваме нападите врз цивилите и во текот на ноќта видовме извештаи за напад на нуклеарна централа. Ова само ја покажува непромисленоста на оваа војна, важноста да се стави крај и важноста Русија да ги повлече сите свои војници и да се вклучи во дипломатски напори со добра волја“, рече Јенс Столтенберг.

Можете да прочитате

ОН предупредуваат на поголемо глобално затоплување дури и во најдоброто сценарио

Папата Лав првпат се појави во јавност по операцијата на рак

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас на Франција, насилството е поврзано со имиграцијата