Утрински Весник
Македонија

Староградските песни се вратија во Македонска Каменица

Староградските песни се вратија во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13 февруари 2020 (МИА) – Во организација Културно-информативниот центар ,,Романса” вечерва во Македонска Каменица се одржа најавениот концерт на староградска музика насловен ,,Вино и Љубов“.
На концертот учество зедоа квартетот ,,Квинс” од Виница како и женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанечки еснафи“ и солистот Кире Цоневски од Делчево. За Цоневски беше чест да се биде дел од настанот кој ја негува убавата староградска песна.
-На настанот се претставивме со неколку препознатливи староградски песни меѓу кои ,,Кој што ме чуе да пеам”, Се собрале млади моми” и други карактеристични староградски песни познати на јавноста. Се надевам дека настанот ќе прерасне во традиција и дека повторно ќе бидеме гости во М.Каменица, рече Цоневски.
Концертот беше убав повод во пресрет на утрешниот празник каменичани да се опуштат и да уживаат во прекрасната македонска староградска музика, додаде директорот на КИЦ ,,Романса”, Горан Огнановски.
Поддршка за организацијата на настанот Културно-информативниот центар Романса доби од општина Македонска Каменица чија градоначалничка Соња Стаменкова беше меѓу присутните на концертот. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени