Утрински Весник
Спорт

Официјално: Федерер ги пропушта „Мастерс“ турнирите во Мадрид и Рим

Федерер на пат да го скрши рекордот за најгледан тениски меч

Мадрид, 13 феверуари 2020 (МИА) – Роџер Федерер не планира да учествува на „Мастерс“ турнирите на земја во Мадрид и Рим во првите недели од мај. Ова го објави агентот на швајцарскиот тенисер – Тони Годишик.

Притоа, тој ги негираше претходно објавените информации дека Федерер изјавил дека ќе учествува во двата подготвителни натпревари за „Ролан Гарос“.

Се очекува 38-годишниот Швајцарец да игра само на „Ролан Гарос“, кој започнува на 24 мај, за време на сезоната на земја.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД