Утрински Весник
Магазин

Сталоне бара од продуцентот права на серијалот „Роки“

Силвестер Сталоне открива дека сопственичките права на франшизата „Роки“ се „болна тема“.

dobivaj vesti na viber

76-годишниот актер ја создаде и глумеше во филмската сага, а сега се огласи на социјалните мрежи за да го нападне продуцентот Ирвин Винклер, обвинувајќи го дека ги задржува правата на сопственост на филмовите.

Тој тврди дека филмските права биле контролирани од Ирвин веќе 47 години и сака да му бидат предадени за да може да ги пренесе на синот и трите ќерки.

Ваквата желба ја искажа во искрена објава на Инстаграм, која ја сподели заедно со портрет на Винклер кој го прикажува како змија со нож за јазик.

Силвестер напиша: „Многу ласкав портрет на продуцентот на The Great Rocky/Creed, Ирвин Винклер, од еден од најголемите уметници во земјата.“

Потоа додаде: „Откако Ирвин го контролираше ‘Роки’ повеќе од 47 години, а сега и ‘Крид’, навистина би сакал да ми се врати барем малку од она што останало од моите права, пред да останат само на твоите деца – верувам дека тоа би било фер гест од овој 93-годишен господин.“

Силвестер потенцира дека спорот околу правата на филмот е болен, но тој сака да остави нешто за своите деца.

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“