Утрински Весник
Спорт

Шок во Дортмунд – На Але му е дијагностициран рак на тестисите

Рак на тестисите му бил дијагностициран на новиот напаѓач Борусија Дортмунд, Себастијан Але. Клубот потврди дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, во вчера не се чувствувал добро, поради што го напуштил тренингот.

dobivaj vesti na viber

Борусија се маоѓа ма подготовки во швајцарскиот Бад Рагаз, а 28-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска веќе отпатувал во Дортмунд на дополнителни прегледи.

Але летово пристигна во Дортмунд од Ајакс за отштета од 35 милиони евра. Од него се очекуваше барем делумно да го надомести заминувањето на супер талентираниот Ерлинг Холанд.

Претходно, 190 сантиметри високиот Але играше за Оксер, Утрехт, Ајнтрахт и Вест Хем јунајтед.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите