Утрински Весник
Свет

Средба на министрите на ЕУ за извоз на житото блокирано во Украина

300x250 (7)

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска на состанокот во Луксембург ќе разговараат за можностите и начините за ослободување на милиони тони жито блокирано во Украина поради руската блокада на пристаништата во Црното Море, пренесуваат светските агенции.

Украина е еден од водечките светски производители на пченица, но нејзините бродови со жито се запрени, а повеќе од 20 милиони тони се заробени во силоси откако Русија ја нападна земјата и ги блокираше нејзините пристаништа, пренесува Гардијан.

Ss1

ЕУ ги поддржува напорите на Обединетите нации да посредуваат во договорот за обновување на украинскиот извоз преку морето во замена за олеснување на рускиот извоз на храна и ѓубрива, но тоа ќе бара зелено светло од Москва, пишуваат медиумите.

Анализираат дека Турција, која има добри односи со Киев и Москва, е подготвена да учествува во набљудувањето на механизмот што се спроведува со евентуален договор.

Ss1

Можете да прочитате

Цивилна одбрана во Газа: Речиси 400 тела пронајдени во масовна гробница во болница

Европскиот парламент отвора нова канцеларија во Западен Балкан за да го зајакне надзорот над проширувањето

Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ е на проширување на Унијата на Западен Балкан