Утрински Весник
Култура

Средба на министрите за култура Стефоска и Минеков во Софија

Средба на министрите за култура Стефоска и Минеков во Софија

Министерката за култура, Ирена Стефоска, во рамките на својата работна посета на Република Бугарија, денеска во Софија се сретна со бугарскиот министер за култура, Велислав Минеков. Ова е прва средба на министри за култура на двете земји по подолг период, при што тие потенцираа дека како непосредни соседи, упатени сме на поголема взаемна соработка.

Соговорниците нагласија дека во изминатиот период се реализирани проекти и иницијативи во повеќе дејности од културата, кои произлегуваат од Програмата за култура за периодот 2018 – 2021 година потпишана од двете министерства.

Во разговорите, министрите ја истакнаа добрата соработка во издаваштвото, во ликовната уметност, во филмската уметност и во програмата „Традуки“. Стефоска и Минеков се заложија за реализација на заеднички проекти, истражувања, обуки, размена на експерти во делот на реставрација и конзервација на културното наследство.

На средбата беше истакнато дека двете земји остваруваат одлична соработка и на мултилатерален план.

Министерката за култура, Стефоска, и бугарскиот министер за култура, Минеков, синоќа присуствуваа на концертот на Софиската филхармонија, на кој настапија Симон Трпчески, Александар Крапоски и Александар Сомов.

Текстот Средба на министрите за култура Стефоска и Минеков во Софија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“