Утрински Весник
Македонија

Спроведена акција за чистење на пешачката патека на Беровско езеро

Спроведена акција за чистење на пешачката патека на Беровско езеро

Берово, 23 мај 2020 (МИА) – Во Берово спроведена акција за чистење на пешачката патека околу Беровско езеро. Надлежните информираа дека акцијата е дел од активностите кои општината ги превзема за поубаво и почисто Берово.
– Со акцијата покрај пешачката патека, беа опфатени и заштитeните зони во туристичката населба Беровско езеро. Во акцијата учествуваа екипа на АД Водостопанство на РСМ – Берово, како и волонтери кои се ангажирани преку UNDP Програмата. Целта на акцијата е да се зајакне свеста кај граѓаните, за заштита на животната средина, истакнаа учесниците во акцијата.
Со оглед на големите купишта отпадоци кои беа забалежани за време на чистењето, од општината апелираа до граѓаните да дадат свој придонес во зачувувањето на животната средина.
– Апелираме да не се дозволи овие слики да станат наше секојдневие, бидејќи уништувајќи ја природата, се уништуваме самите себеси. Има начини на кој што зборува природата и најчесто ние не сме доволно трпеливи и доволно тивки, да обратиме внимание на нејзината приказна. Не фрлајте ѓубре насекаде, корпата за отпадоци е многу блиску до вас. Заедно да ги победиме лошите навики и несовесното однесување кон животната средина, се вели во апелот од надлежните.
Со ваквите акции за зачувување на убавата природа, како што додадоа од Општина Берово. во наредниот период ќе бидат опфатени сите атрактивни локации каде туристите во минатото биле најбројни. вс/оџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

ОЈО: Организирана група со јасни улоги пренесувала дрога кон Србија, истрага против шест лица