Утрински Весник
Македонија

НЕМА ОПАСНОСТ ОВОШКИТЕ ДА ПРЕМРЗНАТ: Доаѓаат пролетни 25°C

Meteoalarm.mk 9.png

Почетокот на следната седмица во Македонија конечно ни доаѓа вистинската пролет со вистински пролетни температури на воздухот и со многу сончево, стабилно и суво време без врнежи. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува  и на значително потопла воздушна маса од југ и токму ова ќе услови да имаме брз и значителен пораст на температурите на воздухот во Македонија.

Добро е тоа што во ноќните  и во утринските часови не очекуваме минусни температури во најголем дел од Македонија па така нема опасност од премрзнување на овошките во Македонија кои се во силна фаза на цветање.


Почетокот на следната седмица во Македонија ќе ни донесе максимални дневни температури кои речиси насекаде ќе се искачат до околу и над 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие ќе се искачат до околу 25 степени

Можете да прочитате

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза