Утрински Весник
Македонија

Спречен шверц на кафе од Албанија

Спречен шверц на кафе од Албанија

Вчера во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.  По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп

Петровска: Наместо чаши вода пред камерите, јавноста заслужува одговори за труењето!