Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите

Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите
Screenshot

Куманово, 31 мај 2020 (МИА) – Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на  координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.

– Владата даде насокки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето на отварањето на границите заедно и во соработка со Министерството за надворешни работи за да искоординираме и  со соседните држави и со државите од регионот и пошироко. На основа на тоа ќе ги носиме и одлуките. Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ја разгледува  можноста за отварање на границите.
Тој рече дека животот мора да се враќа во нормала и да се научиме да живееме со вирусот како што се и претпоставките на сите и на СЗО. ам/мд/

Извор: mia.mk

Screenshot

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија