Утрински Весник
Македонија

Спасовски: И вие предложивте разрешувања, мое и на Ременски

Спасовски: И вие предложивте разрешувања, мое и на Ременски

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Не ја кажувате вистината кога велите дека не сте предложиле разрешување на министри. Тоа го сторивте кон мене и кон Фросина Ременски, му рече премиерот Оливер Спасовски на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ во текот на собраниската расправа за разрешувањето на министерката Рашела Мизрахи.

Спасовски уште еднаш повтори дека иднината на државата не смее да ја загрози никој, а најмалку владин функционер.

Данев претходно обвини дека СДСМ прави преседан со разрешувањето на техничката министерка Мизрахи.

-Гледаме сериозен политички циркуз за кој се сведоци сите граѓани на државата, истакна Данев. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ