Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Добро ќе беше Мизрахи да остане министер до крај, но нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и граѓаните

Спасовски: Добро ќе беше Мизрахи да остане министер до крај, но нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и граѓаните
300x250 (7)

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – За мене лично, Мизрахи беше одличен избор, но во однос на државата нејзиното однесување е неприфатливо. Нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски, реплицирајќи и на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Велите дека вистинската причина била зашто некој имал страв од Мизрахи. Лично, како политичар, за мене беше преубаво Мизрахи да остане до крај, да не се разреши и да продолжи со работата зашто СДСМ да бираше, немаше да избере ваков министер, но од аспект на државата не е прифатливо и нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните, истакна Спасовски.

Ss1

Додаде и дека разговарал со Мизрахи, дека и дал шанса.

-Таа рече дека ќе демантира дека лошо била разбрана. Но, потоа даде демант во кој рече дека ќе плати 5.000 евра казна ама нема да ја смени таблата. Е затоа е предлогот за нејзино разрешување, нагласи премиерот уште еднаш посочувајќи дека разрешувањето не е ниту порати тоа што Мизрахи е жена или Еврејка или дека верува во една, друга или трета вера.

Спасовски и порача на Затуроска дека таа најмалку може да зборува за демокртски капацитет на Влада.

-Вие шест месеци го одлагавте формирањето на владата, а со ВМРО-ДПМНЕ учествувавте во организирањето напад кој можеше да заврши со убиство во овој Парламент, рече Спасовски.

Затуроска рече дека со предлогот за разрешување на Мизрахи се прави циркуз и обид за одложување на изборите поради страв од пораз.

Претходно, во текот на расправата која почна во 22:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ го квалификува предлогот за разрешувањето на Мизрахи како шовинистички чин и побара негово повлекување. мч/мд/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години