Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Државата вложи милијарда евра во патна инфраструктура

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 10јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека државата вложила милијарда евра во патна инфраструктура и реализирала важни проекти.

– Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, пишува Спасовски.

Тој во продолжение ги наведува капиталните проекти.

– Инвестирани милијарда евра во патна инфраструктура, завршена 80 отсто од примарна и секундарна гасификација. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1500 километри постоечки патни правци. Ги подобривме условите во 28 јавно- здравствени установи и 43 полициски објекти. Изградивме три пречистителни станици. Изградивме повеќе од 320 социјални станови, стои во објавата на Спасовски на ФБ. нд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција

Иницијатива за зајакнување на соработката со обвинителството на Казахстан за поврат на незаконски стекнат имот

Директорот се извини на битолчани, комуналците притиснале погрешно копче, па ѓубрето го истоварија среде улица