Утрински Весник
Македонија

Богоев: Среќен распуст, е-наставата ја одбележа учебната година

Богоев: Среќен распуст, е-наставата ја одбележа учебната година

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев преку видео порака им го честита крајот на учебната година на ученици, наставници и родители. Тој им се заблагодари на сите за вложениот труд и напор, за реализација на воспитно – образовниот процес по електронски пат во речиси цело второ полугодие, поради Ковид – 19. Богоев истакна дека иако денеска изостана другарувањето по училишните холови и дворови, 10 – ти јуни за секое дете е еден од најсреќните денови во годината.

-Сакам да ви честитам на фактот што сте генерација која за прв пат реализираше настава по електронски пат. Речиси цело второ полугодие, учевте преку дигитални платформи и покажавте дека младите, и во време на здравствена криза, се носители на промените. Ученици и наставници, вие поставивте нов стандард во македонското образование. Ви благодарам за вложениот труд и напор, а на полуматурантите им посакувам успешен упис во средно училиште, рече Богоев.

Општина Карпош информира дека во следните денови ќе додели и награда за првенците на генерација од сите основни училишта.

Во текот на распустот, оваа единица на локалната самоуправа ќе спроведе и повеќе инфраструктурни активноси во училиштата, со цел да ги подобри условите за учење и престој.

Учебната 2019/2020 година завршува во вонредни услови. Учениците од десетте општински основни училишта, речиси цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19. ир/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено