Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Возачот на „бентлито“ не е доволно казнет

Спасовски: Возачот на „бентлито“ не е доволно казнет

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека е добро тоа што полицијата веднаш постапи по објавеното видео со „Бентли“ кое вози на плоштадот меѓу новогодишната декорација, но според него казната од 45 евра не е доволна.

„Имаме такви неодговорни граѓани кои се однесуваат, најблаго речено, бахато во едни такви услови да се движат по плоштад и тротоари да паркираат кај ќе им текне“, рече Спасовски.

Спасовски вели дека треба да се размислува за измени во Законот со што казните за вакви активности би биле подрастични и би ги одвраќале сторителите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Малолетно дете е шокиран од лектирата за трето одделение!

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење