Утрински Весник
Македонија

Со летот од Бон вратени 180 наши државјани, во текот на денов летови од Виена и Базел

„Визер“ нема да лета на рутите до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Државјани на Република Северна Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.

Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром .

Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.

Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лица, 173 возрасни и три дечиња. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.

– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.вг/ев/

Фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила