Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по суви коловози, внимателно возење по клисурите

Во прекин сообраќајот на патот Велес – Чашка поради сообраќајка

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози, а Авто мото сојузот на Македонија препорачува да се прилагоди брзината на движење на патиштата низ клисурите каде има можност за појава на одрони.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен во овој продолжен празничен викенд.

Граничните премини поради вонредната состојба во земјава остануваат затворени освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и оние кои ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа