Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 22 степена

Сончево и топло до 22 степена

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидт поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница