Утрински Весник
Македонија

Забрана за собирање на Водно во ноќните часови

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Владата го разгледа и го усвои записникот од четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.

Во записникот е наведено дека се забранува пристапот на лица и возила во Парк шумата „Водно“, секој ден од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.

За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи со патролни возила да го затвори пристапот кон Парк шумата „Водно“.

Исто така се забранува собирање во група повеќе  од пет лица во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел се задолжуваат МВР и Армијата на Република Северна Македонијада ги разбијат овие групии да ги интензивираат теренските контроли. дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри