Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степена.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредните денови следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Можете да прочитате

Скрински: Кој и да стане претседател, Софија нема значително да го смени ставот кон Македонија

Вечерва трето апсење во врска со убиствата во Ѓорче Петров

Пекевски: Очекувам Вучиќ да се врати на власт за една година