Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Можете да прочитате

ПОЛИЦИЈА И БРЗА ПОМОШ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – МАВРОВО: Тешка сообраќајна несреќа

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница