Утрински Весник
Свет

Соединетите Држави ја повикаа Канада да ја прекине блокадата на камионџиите

Соединетите Држави ја повикаа Канада да ја прекине блокадата на камионџиите

Американските власти ја повикаа канадската влада да ги искористи своите федерални овластувања за да ја прекине блокадата на камионџиите кои протестираат против ограничувањата поврзани со Ковид на заедничките гранични премини.

Американскиот државен секретар за домашна безбедност и транспорт вчера разговараше со канадските колеги, „потикнувајќи ги да ги искористат своите федерални овластувања за да ја решат оваа ситуација на заедничката граница и нудејќи целосна поддршка на Министерството за домашна безбедност и транспорт“, пренесува BBC.

„Во суштина сме фокусирани на решавање на блокадата на мостот „Амбасадор“, како и на другите влезни точки“, изјавија од Белата куќа.

Можете да прочитате

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне