Утрински Весник
Македонија

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието вечерва го избра новиот состав на Владата.

Нов премиер ќе биде, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

По гласањето, новоизбраниот премиер и министрите дадоа свечена изјава, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги повика новоизбраните функционери по завршувањето на седницата да се упатат во собранискиот хол за заедничка фотографија.

Претходно попладнево, од владината-прес служба пристигна известување дека в понеделник со почеток во 9 часот во зградата на Владата ќе се случи примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер, Зоран Заев и новоизбраниот, Ковачевски.

Можете да прочитате

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија