Утрински Весник
Македонија

Соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј го празнуваше патрониот празник

Соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј го празнуваше патрониот празник

Тетово, 24 мај 2020 (МИА) – Во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово денеска се одбележа патрониот празник, посветен на солунските браќa и македонски просветители. Света божествена архиерејска литургија беше чиноначалствувана од митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф.

– Во оваа петта недела по Христовото Воскресение го славиме сечесниот спомен на големите македонски и сесловенски просветители, учители солунските браќа рамноапостолите Свети Кирил и Методиј и на тој начин достоинствено го славиме овој црконо –државен празник како и храмовата слава подигнат во чест на денешните наши светители кои со своето рамноапостолско дело и со својата проповед ги евангелизирале словенските народи, истакна владиката во празничната беседа.

Тој потенцира дека примерот на светите браќа Кирил и Методиј е значаен за духовното просветлување на современиот човек.

-Живееме во свет каде по налетот на светските искушенија, се оттуѓуваме од ближните но и од духовниот дом , од Светата црква. Во време на духовно слепило околу нас ние верните сме тие кои сме повикани по примерот на светите браќа Кирил и Методиј да се бориме против злото и суетатата на светот продолжувајќи го нивното спасоносно дело на верата кое ни го оставиле нам и на сите христијани во наследство, рече митрополитот г. Јосиф. ас/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје