Утрински Весник
Македонија

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

Whatsapp image 2026 03 03 at 17.22.26.jpeg

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор на сопругот осомничен за физичко малтретирање и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановски.

Одлуката ја донел судија на претходна постапка, кој ги прифатил аргументите на обвинителството дека постојат законски основи за изрекување на најстрогата мерка за обезбедување присуство.


Според информациите од Судот, притворот е определен во времетраење од осум дена, што е законски рок со оглед на тоа дека против осомничениот се води скратена постапка за наведените кривични дела.

Судот ја донел оваа одлука поради постоење на реална опасност од бегство, како и поради основан страв дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело.

Со изрекувањето на мерката притвор се обезбедува присуството на осомничениот додека Јавното обвинителство продолжува со собирање на докази со цел целосно расветлување на овој трагичен случај.

Можете да прочитате

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра

Алиу: 157 нови вработувања и инвестиција од 74 милиони евра за модерна болница во Тетово