Утрински Весник
Свет

Сноуден: Бајден е длабокo вмешан во скандалот со прислушување на европските службеници

Сноуден: Бајден е длабокo вмешан во скандалот со прислушување на европските службеници

Откако беше откриено дека данската разузнавачка служба соработувала со американската во обемното прислушување на европските службеници, се јави и свиркачот Едвард Сноуден.

Тој на „Твитер“ им сугерираше на европските официјални лица за таа работа да го прашаат американскиот претседател Џо Бајден, кој беше потпретседател на САД во времето на шпионажата.

„Бајден е подготвен да одговори на тоа кога наскоро ќе ја посети Европа, бидејќи, се разбира, тој беше длабоко вмешан во овој скандал. Треба да има експлицитно барање за целосно јавно откривање не само од Данска туку и од нивниот постар партнер“, напиша Сноуден.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер се меѓу оние кои беа шпионирани од Американската агенција за национална безбедност (НСА)  и чии разговори беа прислушувани со помош на данската разузнавачка агенција ФЕ.

Соунден беше тој што уште во 2013 година откри дека Американците не само што ги шпионираат своите граѓани туку и лидерите на други земји, и тој објави дека американските власти го прислушуваат приватниот мобилен телефон на Ангела Меркел.

Медиумите сега стигнаа до внатрешните извештаи на данската ФЕ и со тоа ги потврдија тврдењата на Сноуден.

Сноуден, кој му откри на светот дека САД шпионираат наоколу, во времето кога Бајден беше потпретседател, вели дека сегашниот претседател на САД е добро подготвен да одговори на обвинувањата кога ќе патува низ Европа, бидејќи тој e длабоко вмешан во скандалот.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја