Утрински Весник
Свет

Пожар уништи клуб во германскиот град Кел, нема тешко повредени

20260329101023 big 730x400 65.webp.webp

Во дискотеката „Kiss klub“ во германскиот град Кел, во покраината Баден-Виртемберг, во текот на изминатата ноќ избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во момент кога во неа имало околу 750 лица, соопшти локалната полиција.

„Пожарот, кој избувна во клубот околу 3:45 часот наутро, се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во моментот кога избувнал пожарот, во зградата се наоѓале околу 750 луѓе“, се наведува во соопштението на полицијата, кое го пренесува „Билд“.


Причината за пожарот сè уште не е позната. Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата зафатена од пожар до пристигнувањето на противпожарната служба. Засега нема извештаи за сериозни повреди, а три лица побарале медицинска помош.

„Kiss klub“ е популарна дискотека со хип-хоп и афро музика во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на Германија, а во неа редовно доаѓаат и посетители од блискиот Стразбур во Франција.

Можете да прочитате

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците