Утрински Весник
Свет

Сноуден бара руско државјанство

Сноуден бара руско државјанство
Img 5587

Поранешниот вработен во Националната агенција за безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

„Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство“, рече Кучерена, пренесе ТАС.

Ss1

Кон крајот на октомври, Сноуден доби неограничена дозвола за престој од руските власти.

Како службеник на Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, во 2013 година објави строго доверливи податоци за методите на електронско набљудување применети од американската разузнавачка служба, вклучително и нелегално прислушување на странски лидери.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина