Утрински Весник
Македонија

Словенечките медиуми: Северна Македонија конечно на европскиот пат

Словенечките медиуми: Северна Македонија конечно на европскиот пат

Љубљана, 24 март 2020 (МИА) – Дел од словенечките медиуми утринава објавија дека на денешниот состанок на министрите за европски и надворешни работи на земјите членки на Европската Унија ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија и Албанија конечно на европскиот пат” пишува дека ќе биде донесена одлука за преговори.

– Франција, Холандија и Данска во минатото не беа наклонети кон проширувањето, а од другите членки на Унијата одлуката да не се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија беше означена како историска грешка, објави Телевизија Словенија на својата интернет страница.

Весникот „Дело“, пак, пишува дека и во време на глобална пандемија со коронавирусот, сосема е извесно дека конечно ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. ав/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

Пукал на семејна веселба и повредил три лица, приведен маж од кичевско

Меџити ја стартуваше кампањата: „ Делувај сега, за природата !“