Утрински Весник
Македонија

Следниот самит на Отворен Балкан ќе се одржи во Охрид во јуни

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама посветен на идните чекори заедничката препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

На состанокот тројцата лидери се договорија дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заеднички ќе се организира голем туристички саем на вино и храна во Србија на кој македонските, албанските и српските производители на вино и храна ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гостите од регионот и Европа.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На денешниот состанок беше истакнато дека Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Крвав настан во Велес: Двојно убиство завршено со самоубиство

Универзална сала ќе се гради од октомври со 1 200 седишта и инвестиција од 20 милиони евра

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател