Утрински Весник
Македонија

Следната недела ќе се знае кога администрацијата ќе се врати на работа

Завршена првата фаза од процесот на зајакнување на капацитетите на локалните економско-социјални совети

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Следната недела ќе се знае кога ќе се врати администрацијата на работа.   Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до крајот на неделава Комисијата за заразни болести ќе одлучи како да се имплементираат мерките, а од следната недела тие ќе почнат постепено да се имплементираат.

-Мерката носење заштитна маска, доколку се почитува, може да дозволи постепено враќање и организација на работните единици, компании и администрацијата во функција. Треба да најдеме и соодветно решение за градинките. Оваа недела подготвуваме сѐ во рамки на активностите на Комисијата за заразни болести и веројатно од следната недела постепено ќе се имплементираат овие мерки и тоа дел по дел така како што ќе одредат експертите, изјави министерот Филипче.ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа