Утрински Весник
Македонија

Скопјанец тргнал да прегази со автомобилот полицаец

Приведен е 51-годишен скопјанец кој со автомобилот се обидел да удри во полицаец.

„На 31.05.2022 во 18.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(51) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обидел со патничко возило „фолксваген голф“ да удри во еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР во дневниот билтен.

Можете да прочитате

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

ВЛЕН: ДУИ ќе мора да одговори за сопственото минато

Повторно се отвора случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино: Ќе се проверуваат 13 лица и фирма